
Премиерот Никола Груевски, денеска, ќе го посети Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“, Петровец.
На настанот ќе присуствува и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во придружба на челните луѓе на МВР.
При посетата предвидено е да се разгледаат просториите во Центарот за обука каде што се одржуваат обуките за пилоти, a ќе бидат презентирани и техничките можности на опремата за обука, како и концептот на обуката за пилоти кандидатите за пилоти што ќе се пријават на неодамна распишаниот конкурс на МВР.
Почетокот на настанот е предвиден за 12 часот.