Ѓорческа непрекинато напредува на ВТА листата

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа повторно ги проби своите лимити и забележа нов личен рекорд на светското рангирање.

На најновата ВТА-листа Ѓорческа го зазеде 354-то место, што е за 13 позиции повисоко од нејзиниот досегашен рејтинг. Освои нови 10 бода, од турнирот во Тарсус, Турција, минатата недела и сега има 106.

Напредуваше и во двојки, но само една позиција, како резултат на движењето на конкуренцијата, како и да е таму нејзиниот нов рекорд е 277. позиција. Втората Македонка која фигурира на ВТА-листата, Магдалена Стоилковска се наоѓа на 1.228-мо место во сингл и 962-ро во двојки.

Кај мажите сите пет наши тенисери со рејтинг забележаа пад, меѓутоа не се регистрирани успесите од неделава која заврши. На идната листа треба да влезе за првпат 16-годишниот талент Бојан Јанкуловски, нов поен да добие Стефан Мицов, а Томислав Јотовски да ја материјализира титулата во двојки во Шабац.

АТП-ЛИСТА

526. (-9) Томислав Јотовски 68

699. (-12) Димитар Грабул 35

1325. (-14) Бесир Дургути 5

1409. (-23) Шендрит Деари 4

1423. (-18) Стефан Мицов 4

Извор: Спортмедиа.мк