
Битолската полиција поднесе кривична пријава против 46-годишната Д.Ј., вработена како воспитувач – дефектолог во „Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух,говор глас и други проблеми во развојот“ – „Кочо Рацин“ – Битола.
Како што информираат од МВР, пријавената на 30.04.2015 го пропуштила должниот надзор што го имала како воспитувач-дефектолог во „Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух,говор глас и други проблеми во развојот“ и несовесно постапила во вршењето на своите должности и овластувања ,со што и нанела штета со смртни последици на малолетничката како резултат на труење со корозивна супстанција.
Пријавата и е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “несовесно работење во службата”.