Почина новинарката Марија Кука

Новинарката Марија Кука почина денеска во Охрид по тешко боледување.

Марија Кука е новинарка од првата генерација на „Утрински весник“. Родена е во Скопје во 1968 година, со диплома од Филозофскиот факултет, своите новинарски почетоци ги имаше во весникот „Нова Македонија“, во средината на 90-тите години на минатиот век. Таа почна да работи во „Утрински весник“ веднаш по неговото формирање во 1999 година. Во 2007 година, како уредничка на магазинот „Стил“ на „Утрински весник“, заминува на студиски престој во САД, каде што се школуваше три години.