Собраниската Комисија за здравство денеска на седница констатира дека Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување во прво читање е прифатлив и може да се даде на натамошно второ читање.
Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски рече дека со Предлог-законот се врши дополнување на одредбите на постојниот закон со воведување на можноста за дарување меѓу парови, во делот кој се однесува на дефинирање на лицата кои може да даруваат органи, односно се врши проширување на листата, како и условите за националниот координатор и други прецизирања во текстот на Законот.
– Дарувањето меѓу парови е постапка на давање органи без надоместок од живо лице заради пресадување во телото на друго лице заради лекување во случај кога има еден пар каде примателот има некомпатибилен дарител заради различна крвна група и/или присуство на ХЛА антитела и истовремено има друг пар на примател и дарител каде исто така има некомпатибилен дарител заради различна крвна група и/или присуство на ХКС антитела, а со размена на дарителите меѓу двата пара и истовремено пресадување на органите, примателите добиваат орган од компатибилен дарител, рече Андовски.
Појасни дека се врши проширување на листата на лица кои може да даруваат органи и укажа дека во Законот е наведено во кое сродство лицата може да даруваат органи.
– Етичката комисија дава согласност за дарувањето и ако се утврди дека тоа е доброволно и не се извршува под притисок, додаде Андовски.
Весна Пемова од ВМРО-ДПМНЕ рече дека Програмата за трансплантација за годинава има за цел зголемување на бројот на трансплантации на бубрег и на црн дроб и тоа зголемување на бројот на трансплантации на органи, ткива од човечко тело заради лекување…и на тој начин да се спасат животи или да се подобри животот на лицата на кои пресадувањето органи и ткива им е неопходно.
Посочи дека ако бројот на трансплантации на бубрег во 2013 година изнесуваше 37, во Програмата за трансплантација за 2015 гоидна, таа бројка е 60 што значи со постојана тенденција на намалување на бројот на пациентите кои одат на дијализа на пет проценти на годишно ниво.
За реализација на програмата од Буџетот на Република Македонија, нагласи таа, се наменети 30 милиони денари.
– Со донирање меѓу парови се дава можност на луѓето кои не се во крвно сродство да можат да бидат донори на ткива и органи, со што се зголемува бројот на донори за едно лице на кое му е неопходна трансплатација на ткиво или орган. Македонија се вбројува меѓу 10-те земји со најразвиена трансплантација од жив донор според Интернационалниот регистар за донирање на органи и трансплантација односно земјата е на осмото место според бројот на трансплантирани бубрези од жив донор веднаш после Турција, Холандија, Кипар, Либан, Исланд, Северна Кореја и Иран, додаде Пемова.
Момчило Аврамовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека станува збор за мала, но многу важна измена на Законот, важна за оние кои чекаат орган, а немаа можност да добијат како резултат на тоа што тие кои можеа законски да им дадат орган не беа компатибилни за да можат да им дадат.
– Проширувајќи ја оваа листа на луѓе донори, за тие пациенти се дава поголема можност да дојдат до орган односно до трансплантација. Главен извор на органи во современите држави и стимулација на трансплантација е кадаверичната трансплантација (земање органи од луѓе со мозочна смрт), додаде Аврамовски.
Комисијата за здравство одлучи Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за хемикалии во второ читање да го проследи на натамошна постапка во Собрани