Црквите се почесто се мета на арамии.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во периодот од 26 јануари до втори февруари, арамија провалил во црквата „Свети Никола“ во гостиварското село Ѓоновица.
Арамија со употреба на физичка сила влегол во црквата од каде одзел 1.000 денари и две позлатени мали лажички.
Пред два дена, биле ограбени црквите, „Свети Ѓорѓија“ и „Света Богородица“ во скопското село Горно Коњари на местото викано „Чукар“.
Арамијата украл околу 3.000 денари.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите.