МВР поднесе кривична пријава против С.В.(26) од Кочани, фудбалер во ФК Силекс од Кратово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело “неовластено давање на подароци” по чл.253а ст.4 од КЗ на РМ.
Се работи за фудбалерот Стојан Велинов, кој во фудбалски жаргон кажано се обидел да поткупи свои соиграчи за да го наместат натпреварот со Металург. Велинов не успеал во својата намера, па Силекс го добил овој натпревар со 3:1.
Со оглед на тоа дека во местенката била вклучена бугарска банда која вложила многу пари на победа на Металург во обложувалница, Велинов и соиграчите морале да ги враќаат парите на мафијашите.
Токму така случајот се проширил во јавноста, а фудбалерот на Силекс и останатите негови соиграчи ја исплатите бараната сума на луѓето од Бугарија.
Откако дознале за случајот, раководните луѓе од фудбалскиот клуб Силекс ги казниле играчите со по 5.000 евра. Останатите фудбалери, кои одбиле да ги земат парите, кај челните луѓе го обвиниле Велинов, а случајот стигнал до МВР, па поднесена е кривична пријава против фудбалерот на кратовскиот тим.
Откако УЕФА пред пет години ја суспендираше прилепска Победа за местење на натпреварот со Пјуник, ова е прв случај во Македонија со истрага за наместен фудбалски натпревар.
Весникот “Македонски спорт” објави дека Велинов со бугарската мафија ги местел натпреварите со Вардар, Шкендија….