Делот од рекреативната патека до хотелот „Парк“ во должина од 210 метри, покрај брегот на Охридското Езеро е во завршна фаза.
Денеска , ЈП „ Нискоградба“ завршува со бојадисувањето на делот од асфалтот што е предвиден за велосипедска патека , а ЈП „ Проаква“ ги монтира на фонтаните, а ЈП „ Охридски комуналец“ ќе го исчисти целиот простор каде се одвиваа градежни работи.
Со веќе поставеното ново осветлување, патеката е во функција и ќе претставува најуреден простор за прошетки крај езерото и за рекреација на граѓаните и туристите.