Судијката Љубинка Башевска го закажа судењето за „Пуч“ на 5 август. Судот сеуште не донесе одлука дали ќе го прифати обвинението за случајот поткуп, според коешто Заев е осомничен за барање мито од струмички бизнисмен.
Според обвинението за „Пуч“, Зоран Верушевски е првообвинет за неовластено прислушување и тонско снимање за шпионажа и за насилство кон претставници на највисоките државни органи. Второобвинет е Ѓорги Лазаревски и ќе одгoвара за неовластено прислушкување и шпионажа.Третообвинета е Соња Верушевска за кривичното дело шпионажа. Лидерот на СДСМ Зоран Заев е четвртообвинет за делото насилство кон претставници на највисоките државни органи. Петообвинетиот е Бранко Палифров кој ќе одговара за истото дело како и Зоран Заев.