Протести и контра-протести во Атина се оддржаа денес во Атина. На плоштадот Синтагма дојде до судир помеѓу дел од демонстрантите и полицијата.
Кратката но интензивна кампања за референдумот во Грција завршува денес, со истовремени протести и контра- протести во Атина.
На плоштадот Синтагма, како што јавува Вашингтон тајмс, дошло до судири помеѓу демонстрантите кои излегле да дадат поддршка на одговорот „НЕ“ на референдумот, со полицијата.
Грчката полиција искористила солзавец за да ги растргне демонстрантите кои фрлале камења и уништувале имот на големиот плоштад пред зградата на Парламентот.
Поддржувачите на одговорот „Да“ излегле на протест на околу 800 метри оддалеченост .