ВИДЕО: Градоначалник „се ожени“ со алигатор за бериќетна година

ВИДЕО: Градоначалник „се ожени“ со алигатор за бериќетна година

Градоначалникот на рибарското место Сан Педро, на југот на Мексико симболично се ожени со женка алигатор за бериќет.

Кумот на венчавката, Хуго Гонзалес истакнал дека сватовите од „младата“ побарале да им подари дожд и добар улов.малата рептилка прво била крстена, а потоа и пееле серенади додека ја шетале по градот.

Сватовите на прославата играле со женката алигатор, чија уста цело време била замотана со леплива трака, пред да биде вратена во дивината.

Според традицијата на локалното население, ова животно е принцеза и веруваат дека таквата „свадба“ ќе го подобри уловот на риба и ракови.