Никој не стапнува во вода на овие рајски плажи

Никој не стапнува во вода на овие рајски плажи

Плажите во Ресифе, мал град во бразилската сојузна држава Парнамбуко се меѓу најубавите во оваа земја. Меѓутоа, да се влезе во океанот на една од овие плажи е идеја еднаква на самоубиство.

Ресифе, еден од градовите во кој, измеѓу другото, се играше и Светското првенство во фудбал минатата година, има најголем процент на напади од ајкули во светот.

Во периодот од 1992 до 2012 година во водите околу овој град биле евидентирани 56 напади од ајкули од кои 21 со фатален исход, пренесува BBC. Последниот напад се случил во 2013 година, кога ајкула нападнала 18-годишна туристка од Сао Паоло, која за жал, починала.

Додека локалните жители бегаат од овие води, не е ретко да се види по некој турист кој не може да му одолее на капењето.

Проблемот на овој крајбрежен град е релативно нов. Пред 1990 година не биле евидентирани толку напади од ајкули, а причината е тоа што во осумдесеттите години било изградено големо пристаниште со долги докови кои влегувале длабоко во океанот. Тоа ги пореметило навиките на замбези ајкулите кои живееле таму и ги натерало да се преселат поблиску до плажите.

plazi-kapaci-napad-ajkula-brazil1

Тигрите-ајкули исто така се присутни во водата околу плажите на овој град, а нив ги привлекува ѓубрето кое се фрла од бродовите кои влегуваат и излегуваат од пристаништето.

Државата Пернамбуко се обидува да се бори против овој проблем, така што организирала посебна служба да ги фаќа ајкулите и да ги пушта подалеку во океанот, без да ги повреди. Сепак, се` уште не успеале да ги направат плажите целосно безбедни за пливање.