Пензионери од Велика Британија спречиле грабеж во една продавница, а сето тоа го снимиле безбедносните камери.
Крадецот, кој сериозно се исплашил откако сфатил дека не може да излезе од продавницата, бил сопрен од Рон Смит (78) и Роберт Андерсон (72) кои со заеднички сили ја блокирале вратата на продавницата за криминалецот да не може да побегне.
Крадецот, 19 годишниот Лиам Редфорд, набргу потоа е уапсен од локалната полиција, благодарние на пензионерите кои случајно минувале покрај продавницата.