
Сомалиската исламистичка група Аш Шабаб презема одговорност за денешниот напад во соседна Кенија, соопшти нејзин портпарол, објави МИА.
Екстремистите соопштија дека убиле 10 христијани.
Нападот е дел од нашата операција против Кенија, изјави портпаролот на Аш Шабаб за воени операции шеик Абдиасис Абу Мусаб.
Најмалку 15 лица се убиени, а 11 повредени во напад во североисточниот дел на Кенија во текот на ноќта, соопштија претходно кениските власти. Нападот бил извршен малку по 2 часот ноќеска во комплекс, каде живеат работници во каменолом.
Нападот е извршен во близина на градот Мандера, крај границата со Сомалија.