Двојно поголем интерес за средствата од европските ИПАРД фондови. На последниот оглас повеќе од 800 земјоделци поднеле барање за субвенционирање на нивните инвестиции што е двојно повеќе од претходните.
Големиот интерес е резултат на поедноставната процедура и можноста за ко-финансирање на трактори и механизација.
Сега се финансираат и поголеми инвестиции.
Наместо до 800 илјади во преработувачката индустрија ќе се подржуваат проекти и до три милиони евра.