![zaev-saka-da-se-spasi СДСМ и Зоран Заев туркаат федерализација на Македонија](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/07/zaev-saka-da-se-spasi.jpg?resize=640%2C400&ssl=1)
Единственото што го интересира лидерот на опозицијата Зоран Заев е како да се спаси себе си од криминалите, уцените, корупцијата и барањето мито кои ги виде цела македонска јавност, пишува „Курир“.
Како што наведува порталот, соочен со неговите криминали и барања мито, како и со фактот дека се повеќе работи околу неговото срамно однесување се појавуваат во јавноста, Заев се обидува да ја дефокусира јавноста и преку конструирани материјали ставени во манипулативен контекст, да се извади од своите скандали и криминали.
Инаку, целата јавност имаше можност да го види видеото каде струмичкиот градоначалник Заев, бара мито од 200.000 евра од еден бизнисмен.
По ова се охрабрија и други бизнисмени, кои обелоденија дека струмичкиот градоначалник Заев им барал поткуп.