ЕУ со нова финансиска помош за Украина

Европската унија размислува за доделувањето на дополнителна финансиска помош за Украина, изјави претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.

Според него ЕУ и меѓународните партнери разгледувале повеќе мозности, преко кои ќе и се помогне на земјата, ако Киев е подготвен да воведе реформи во својата економија.

Баросо откри дека Eвросојузот нема да наддава со Русија кој ќе обезбеди поголеми финансиски сретства за Украина, бидејќи верува дека ЕУ е патот по кој сакаат да чекорат повеќето Украинци.

Министерството за надворешни работи на Русија, пак ја повика опозиција во Киев да се откаже од заканите и ултиматумите што ги поставува и да воспостави дијалогот со власта. Според него само на тој начин може да се излезе од длабоката криза во која се наоѓа земјата во моментов.