ЈЗУ Здравствен дом Скопје ја реализираше трансформацијата на работниот однос на 43 лица на неопределено време ангажирани со договор за волонтирање, договор на дело и/ или авторски договор или друг договор со кој лицето е ангажирано за извршување на работа.
Согласно Законот, соопшти Здравствен дом Скопје, трансформацијата е извршена во три групи со тоа што првата група од 15 лица се вклучени во редовниот работен процес, со што е обезбедено кадровско зајакнување кое значително ќе придонесе во понатамошниот тек на давање квалитетни здравствени услуги.