Се исплаши ли Заев од анкетата на ИРИ, па бега од преговори и избори?

Заев, Верушевски и Палифров ќе сведочат пред Анкетната комисија
Заев, Верушевски и Палифров ќе сведочат пред Анкетната комисија

Последната анкета на реномираниот американскиот Меѓународен републикански институт (ИРИ), кој делува како партнерска организација на Обединетите нации, повторно ја потврди големата политичката предност на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во однос на опозициската СДСМ.

Резултатите од анкетата, колку и да се болни за опозицијата, која поради нејзината инфериорност и неможност да издвојува политичка победа, се затскрива зад непризнавање на државните институции и систем, а сега ја оспорува и веродостојоста на бројките прикажани во анкетата, покажуваат повеќе од двојна предност на партијта на Никола Груевски, пред паријата на Зоран Заев.

И покрај оспорувањето на содржината на анкетата на ИРИ, ВМРО-ДПМНЕ убедливо води со 23 отсто доверба меѓу граѓаните, наспроти политичкиот опонент СДСМ во кого веруваат само 11 отсто од анкетираните.

Во македонската јавност, овие параметри се повеќе од јасни веќе со години, но, официјалната објава на резултатите од анкетата се само солидна препрека на секој оној што сака да манипулира со граѓаните и притоа да создава лажна претстава за политичката состојба во државава.

Барем во моментов, ставена е блокада на креирање лажни пропорции од страна на Заев и опозициските гласноговорници.

Блокадата, веројатно неуспешно, лидерот на опозицијата вчера се обиде да ја канализира преку најавата за радикални мерки кои опозицијата е подготвена да ги преземе, ако премиерот не ги прифати нивните познати барања и ако во најбрз можен рок Груевски не се согласи со условите на СДСМ за организација на Влада која ќе ги организира најавените вонредни парламентарни избори во април, следната година.

zaev-iriiii

По вчерашната објава на анкетата на ИРИ, Заев експресо најави прес-конференција, на која посочи дека преговорите со ВМРО-ДПМНЕ биле неуспешни. Главна причина за тоа наводно бил Груевски, кој одбил да прифати гаранции за враќање на демократските институции и за обезбедување услови за регуларни, фер и демократски избори.

По којзнае кој пат, Заев, чиј рејтинг според ИРИ е за шест пати понизок од оној на Никола Груевски, повторно се предомисли, па најави прекин на преговорите и продолжување со „бомбите“.

– Ќе продолжи проектот „Вистината за Македонија“, а ќе ги користиме и сите средства што ни стојат на располагање за конечен пад на овој режим, истакна Заев.

Тој го стави под прашање и учеството на СДСМ  на договорените предвремени парламентарни избори, кои опозицијата очигледно не ги посакува.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, излегоа со соопштение дека во понатамошните разговори нема простор за нови отстапки, особено не во делот на организација на Владата за подготовка на наредните избори.

„Односот на СДСМ во преговорите беше неодговорен и со јасна желба истите да не успеат заради најмалку две цели. Првата цел на СДСМ е да нема избори во април 2016 година бидејќи се свесни дека ги очекува тежок пораз. Втората цел на СДСМ е политичката криза да предизвика економска криза, што СДСМ го гледа како свој партиски интерес и надеж за успех. Дополнително, политичката штета од негативните извештаи од меѓународните организации, како и можното губење на препораката за започнување на преговори со ЕУ е на листата на цели на СДСМ. За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо да учествува на преговори доколку и се додека СДСМ, со илегално стекнати и монтирани материјали на прес конференции ја манипулира јавноста“, велат од владејачката партија, и посочуваат дека промена на министри и премиер е нешто што ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати.

 

Фото: „Вечер“