
Како што кажува и самото име „Casa Brutale“ изгледа брутално добро. Се работи за концепт на модернистичко издание вдлабната во карпа со поглед на Егејско море.
Автори на овој несекојдневен концепт се архитекти од студиото ОПА (Open Platform for Architecture), Грците Андо Василиоу и Пантелис Кампоропулос кој тврдат дека изградбата на оваа вила би требало да биде прилично едноставна. Стакло, дрво и бетон материјали се тие кои требба да доминираат во куќата, а бидејќи покривот на куќата е претопен со околината, на никој кој се наоѓа на карпата нема да му биде попречен погледот кон морето.
Вилата е дизајнирана со намера да биде незабележителна од копно, но затоа од неа се пружа спектакуларен поглед кон морската шир. Архитектите замислиле стаклен покрив кој всушност е дно на базен кој се наоѓа на покривот на куќата.
Поради тоа, во дневната соба која се наоѓа под базенот продираат зраци на светлина кои се пробиваат нив водата, а стаклениот ѕид овозможува неверојатен поглед од сите ката и од сите простории.
Концептот на куќата е восхтувачки, а архитектите и понатаму чекаат инвеститор подготвен да издвои милијарда евра за уникатна вила.