
Српскиот министерот за надвоешни работи, Ивица Дачиќ најостро го осуди нападот на премиерот на Србија, Александар Вучиќ, во Поточари оценувајќи дека тоа не е напад само врз Вучиќ, туку и врз цела Србија и нејзината политика за мир и регионална соработка.
Тој за ТВ „Пинк“ кажа дека ќе упати демарш до БиХ.
Дачиќ додал дека Вучиќ се однесувал како државник, носејќи одлука да се поклони на жртвите.
„Ова е уште една негативна последица на политизацијата на оваа тема која доведе до нови подели и омраза, наместо помирување“, истакнал Дачиќ.