
Еден од најмоќните нарко шефови во Мексико, Јоакин „Ел Чапо“ Гузман, побегна од затвор по втор пат во 14 години, соопштија мексиканските безбедносни сили.
Гузман, кој е лидер на моќниот нарко картел Синалоа, последен пат е виден во делот со тушеви во затворот Алтиплано.
Безбедносната комисија на Мексико соопшти дека потрагата по Гузман е во тек. Летовите на аеродромот Толука во близина на Мексико Сити се суспендирани.
Гузман е во затвор по втор пат од февруари 2014 година.