Накоро треба да биде објавен оглас за доделување околу 10 илјади хектари државно земјоделско земјиште. Половина од тоа ќе биде наменето за лица кои сакаат да земат земјиште до три хектари и половина за лица односно компании кои сакаат да земат повеќе од три хектари. Земјиштето кое е наменето за оние кои ќе земат над три хектари е во струшкиот, ресенскиот и светиниколскиот регион, а оние кои ќе го добијат ќе треба да направат и одредени инвестиции.
-Во завршна фаза се подготовките за објавување на околу 10.000 хектари државно земјоделско земјиште и тоа за категорија на лица кои што имаат потреба од земјиште до три хектари и категорија на лица, односно компании кои што имаат потреба за државно земјиште над три хектари. До три хектари е обично за оние кои сакаат да имаат помал бизнис и најчесто е во рамките на селскиот атар, а над три хектари практично е во рамките на посериозен бизнис кој што е дел од инвестирање на компании итн. Оние кои што ќе имаат над три хектари ќе имаат дополнителни обврски да направат одредени инвестиции , не само што ќе го земат земјиштетео туку ќе треба да направат и поконкретни инвестиции, најави денеска премиерот Никола Груевски.
Тој очекува дека процедурата за ова земјиште ќе заврши во наредните недели и 5000 хектари ќе бидат наменети за оние кои ќе земат земјиште помалку од 3 хектари и 5000 хектари за оние над 3 хектари.
За оние кои што планираат да земеат земјиште на 3 хектари земјиштето главно е концентрирано во струшкиот регион, ресенскиот и светниколскиот.
-Набрзо ќе дојде до понуда и се надевем дека тоа ќе биде соодветно искористено од многумина кои што сакаат да се бават со земјоделие. Инаку за оние што планираат да земат земјиште до 3 хектари, станува збор за луѓе кои што за прв пат ќе земат земјоделско земјиште, рече Груевски.