Вкупно 42.054 повици за медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“од септември минатата година па досега.
За една недела, од 6. до 12. јули на 02/15 123 има регистрирано 1.005 повици.
Како што информира денеска Министерството за здравство, јавувањата во последната седмица се со широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за главоболки, покачен крвен притисок и симптомна болка.
Со затоплување на временските услови, како што се наведува, многу често се јавуваат граѓани за совети и препораки поврзани со топлото време, заштита од сонце и совети околу терапијата за хронични болести.
Телефонската линија е достапна секој ден, 24 часа, со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.
Дваесет и двајца доктори се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.
– На сите оние лица кои се јавија на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија, се вели во соопштението од Министерство за здравство.