Чорлука коректно се посрамоти – Локомотив Москва загуби титула

Екипата на Зенит успеа да го освои рускиот Супер Куп, откако по подоброто изведување на пенали ја победи Локомотив Москва со 4:2.

Токму во петтата серија беше изведен еден од најлошите удари од 11 метри во последно време, а истиот беше дело на Ведран Чорлука. Хрватот шутна многу лошо и во средина, па голманот Лодигин жива ја фати топката. Потоа прецизно стрелаше Кришито со што Зенит ја збогати колекцијата со уште еден трофеј.

Русите пеналот на Чорлука го прогласија за најлошо изведен во историјата на тамошниот фудбал.