
Работници на едно градилиште во Белград пронашле неексплодирана бомба, најверојатно од Втората светска војна.
Авионската бомба, според тамошните медиуми, била пронајдена на длабочина од шест метри, а тежи околу еден тон.
Веднаш по пристигнување на полицијата, работниците биле евакуирани заедно со станарите од соседните згради.