Кога станува збор за автомобилите, секој има различно мислење и афинитети, некои ги сакат поради луксузот, некои поради брзината, трети поради удобноста.
Откријте каков возач сте според Вашиот хороскопски знак?
ОВЕН: Во се мора да биде прв, па затоа и при возењето многу вешто вози од една во друга лента за на семафорот да биде прв, бидејќи тоа му е во крвта. Мажот Овен сонува за Пежо 206, но нема ништо против Фијат Пунто, а сака сина и металик боја. Жената Овен има одлични рефлекси и моќ на забележување, а додека вози сака да ја коментира вештината на останатите возачи, секако во своја корист.
Астро совет: Не завидувајте на оние кои имаат поскапоцен автомобил од вашиот бидејќи и вие еден ден ќе го имате, и најважно не претекнувајте по секоја цена.
БИК: Бикот бара удобност во се и затоа се одлучува за пространи автомобили како караван во кој може да се смести целата фамилија заедно се неделната залиха на храна по пазарењто во супермаркет. Бидејќи не пати од педантност на седиштата од автомобилот може често да се најдат трошки од пецивото за доручек или лушпи од изедена банана.
За жената Бик прв избор е такси бидејќи така го избегнува паркирањето што за неа претставува губење на време.
Астро совет: Ако го пренесувате комшиското куче до најблискиот ветеринар, заштитете ги вашите седишта бидејќи и така не ги одржувате во беспрекорна состојба.
БЛИЗНАЦИ: Вообичаено делуваат како да се родени зад воланот и главно се среќни возачи кои секогаш наоѓаат место за паркирање. Штом влезат во автомобилот го вадат радиото, најчесто скриено под седиштето и пуштаат музика.
Не се емотивно поврзани со автомобилот па кога имаат можност често го менуваат. Иако сонува за Порше жената родена во овој знак најчесто вози економични модели, со светла боја кои малку трошат и се погодни за возење низ град.
Астро совет: Додека возите не пушете и не правите балони со гумата за џвакање.
РАК: Тие се многу практични и штедливи возачи, па бираат модели на автомобили кои се економични, а ако финансиските средства им дозволуваат ќе се одлучат за втор автомобил кој би го користеле за подолги дестинации.
Не ги сакаат рутинските сообраќајни контроли затоа често негодуваат кога ќе ги застане полиција.
Астро совет: Бидејќи често пренесувате храна, не се чудете ако осетите некој чуден мирис од заборавено тенџерче кое сте го земале од кај вашата мајка, сестра или тетка.
ЛАВ: Лавот е воодушевен од репрезентативните лимузини со седишта од чиста кожа со боја на песок, табла за навигација и кров кој се отвара правејќи го автомобилот кабриолет. Бидејќи не е сеедно каде и со кој ќе се возите со таков автомобил, но тие совршено добро се снаоѓаат и со поскромни автомобили. Одлично се снаоѓа во просторот и непогршливо успева да ги пронајде улиците или дел од градот каде не се движи толку често.
Астро совет: Пред да седнете зад воланот соберете ги сите тениски топчиња да не ви се случи по грешка наместо кочница да згазнете на нив.
ДЕВИЦА: Тие сакаат да даваат часови по возење, а ако не го прават тоа даваат забелешки за сите неправилности и пропусти на останатите учесници во сообраќајот, па затоа Девиците се одлични возачи кои секој би ги посакал за личен инструктор. Најмногу ги ценат практичните автомобили и сметаат дека тој треба да ја исполнува својата основна цел – превозот. Девиците сакаат брзо возење, вешто маневрира при возењето низ град и е одличен сопатник на долги дестинации бидејќи сака да зборува.
Астро совет: Не мора да го сажалувате баш секое кученце или маченце кое ќе го сретнете на улица, бидејќи потоа ве чека и пат за наоѓање на негов нов дом.
ВАГА: Иако Вагите како прв избор им е такси превозот, тие сакаат брзо возење поготово на автопат, додека возењето низ град многу лесно може да ги изнервира и извади од такт. Повеќе ги привлекува возењето на подолги дестинации, а во нивниот автомобил секогаш ќе најдете увезени бомбончиња во метални кутии. Припадниците на овој хороскопски знак сонуваат да го возат последниот модел на спортски автомобил, но лесно се прилагодуваат и во половно југо.
Астро совет: Не претерувајте со ,,гланцање,, на вашиот автомобил со еленска кожа туку тргнете на време и концентрирајте се на возењето.
СКОРПИЈА: Скорпиите не поднесуваат да бидат престигнати од останатите возачи како и не поднесуваат да им се делат совети како да возат или како да го одржуваат својот автомобил. Сакаат брзо возење, ги привлекуваат автомобилските трки бидејќи уживаат во ризикот. Седиштата задолжително се на спуштање бидејќи скорпиите сакаат секс во автомобилот, поготово ако станува збор за најнов модел на Мерцедес или БМВ.
Астро совет: Соберете ги сите докази од евентуалното автомобилско флертување бидејќи не би сакале вашите сопатници да пронајдат некоја чипкаста долна облека која заостанала измеѓу седиштата.
СТРЕЛЕЦ: Што е потипично за еден Стрелец, но да седи зад воланот на црвен кабриолет или џип во металик боја преку чии прозорци одекнува гласна музика. Сака брзо возење но и сигурно бидејќи не тргнува без да го врзе појасот. Разговара за перформансите на својот автомобил со извонредно познавање и сигурност, а се воодушевува на спортски автомобили и прототипови кои се уште се на тестирање.
Астро совет: Внимавајте кога сакате да го воодушевите вашиот сопатник бидејќи можеби и не сте толку добар возач.
ЈАРЕЦ: Јарецот сака скапоцени автомобили со елегантен дизајн, вообичаено со темна боја која делува луксузно и моќно како на пример Астон мартин, но најчесто од практични причини се одлучува за некој помалку впечатлив автомобил.
Тој е совесен и сигурен возач, па води сметка за редовен сервис на својот автомобил, бидејќи сигурноста му е на прво место.
Астро совет: Бидејќи сте многу романтични (иако тоа многу вешто го сокривате) се воодушевувате кога возите покрај некое езеро кое изгледа како бајка, подобро концентрирајте се на патот пред себе.
ВОДОЛИЈА: Како возач одличен, а како инструктор за возење уште подобар, бидејќи Водолијата со самодисциплината ја надминува вродената суета дозволувајќи му на ученикот да добие впечаток дека може да биде подобар и од својот учител. Кога треба да патува на подолги дестинации врши детален преглед на автомобилот, на автопат се чувствува како на свој терен и вообичаено стигнува до целта без многу попатни паузи и застанувања.
Жената Водолија вози машки и коментира за останатите додека таа вози во спротивен правец во едносмерна улица.
Астро совет: Намалете ја музиката и концентрирајте се на сообраќајните правила.
РИБИ: Тие сакаат удобни и луксузно опремени автомобили во кој задолжително ќе има место за корпата за домашното милениче. Дури и на најдобриот пријател тешко ги позајмуваат клучевите од својот автомобил за кој го сметаат како втор дом. Иако делуваат расеано претставниците на овој знак одлично се снаоѓаат со возењето и секогаш го бираат најпрактичниот пат, а истотака и многу вешто се справуваат со полицијата.
Астро совет: Ако сте женски припадник на овој знак и многу често сакате да носите фустани, внимавајте да не го фатите долниот дел со вратата при излегување или влегување во автомобилот.