Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија (играчи до 20 години) попладнево го претрпе првиот пораз на Европското првенство „Б дивизија“ што се одржува во Унгарија. Поуспешни од нашите играчи беа домаќините, кои славеа победа со 63:54, објави МИА.
Со овој пораз нашите кошаркари ги намалија шансите за пласман во полуфиналето и ќе треба утре да постигнат победа над Шведска, но и другите резултати од групата Ф да бидат во наша корист.
По четвртини: 15:19; 16:13; 15:08 и 17:14. Македонија добро го почна дуелот и по три минути водеше со 16:6 и првата четвртина ја заврши со предност, а на полувремето беше +1 (32:31). Во третиот период домаќинот ја искористи слабата игра на нашиот тим и направи пресврт добивајќи ја четвртината со 15:8. Предноста унгарската селекција ја зачува до крајот на натпреварот.
Во текот на дуелот нашата репрезентација имаше повеќе грешки (Македонија 22, Унгарија 15) и слаба реализиација на слободните фрлања 50% (7 од 14).
Најефикасен на натпреварот беше Золтан Перл од Унгарија со 26 поени, додека кај Македонија Андреј Магдевски постигна 20, Филип Бакоч имаше 12 поена и 11 скокови, а Љубомир Младеновски 13 поени и 10 скокови.
Вечерва се игра вториот дуел од групата Ф меѓу Шведска и Белорусија.
Утре Македонија за ривал ја има Шведска, а натпреварот се игра во 15:45 часот. Потоа следи и дуелот Унгарија – Белорусија