
Денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните и североисточните предели ќе дува слаб североисточен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 13 до 22 Целзијусови степени, а максималните дневни ќе достигнат до 39 Целзијусови степени.
Ув индексот ќе има вредност 9.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 19 степени, а максималната дневна ќе достигна до 36 степени. УВ индекс 9.