Поголем дел од Балканот е зафатен со топлотен бран, а за наредните денови се очекува да биде објавен црвен метеоаларм.
Како што пренесува МИА, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора се соочуваат со топлотен бран, а за наредните денови ќе биде објавен црвен метеоаларм, што значи дека температурата на воздухот ќе се искачи над 40 степени Целзиусови.
![Викендов топло, од понеделник уште потопло](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/07/vikendov-toplo-od-ponedelnik-ushte-potoplo-1.jpg?resize=300%2C200)
Хидрометеоролозите предупредуваат од опасноста на избивање на пожари поради високите температури.
Со веќе препознатливиот црвен метоеаларм се предупредува дека високите температури можат да бидат опасни и по животот на луѓето и се препорачува да не се работи на отворено во најтоплиот дел од денот.
Во Црна Гора денеска е прогласен портокалов метеоаларм, а за утре се предвидува црвен.
Утре и во делови на Хрватска – Истра, Кванер и Далмација ќе биде објавен црвен метеоаларм. Во текот на вечерта се очекува дожд и грмежи, но и покрај тоа температурите ќе останат високи.