
Новиот филм за агентот Џејмс Бонд, „Spectre“ на режисерот Сем Мендес во кината во Велика Британија и во Ирска ќе се појави на 26 октомври, заедно со светската премиера истата вечер во Лондон.
– Првпат во историјата филмот ќе биде истовремено прикажан во кината ширум Велика Британија и Ирска, соопшти дистрибутерот „Сони Пикчрс“.
Улогата на агентот 007 ја толкува Дениел Крејг, а во филмот, меѓу другите, играат и Ендрју Скот, Наоми Харис, Моника Белучи и Ралф Фајанс.
Филмот во кината во САД ќе се појави на 6 ноември.
Последниот филм за Џејмс Бонд, „Skyfall“ од 2012 година, заработи 1.1 милијарди долари ширум светот.