Радишани ќе добие нова детска градинка. Денес ќе биде поставен камен темелник.
Новата градинка треба да се изгради во дворот на старата градинка во оваа населба. Вкупната површина на новата градинка ќе изнесува околу 500 метри квадратни, со капацитет да прими 120 деца. Објектот ќе содржи пет занимални со санитарии за деца, кујна со магацин, санитарии и директен надворешен пристап, како и административна канцеларија со санитарии за воспитувачите.
Изведувач на градежните работи е „Мега Скоп“ од Скопје. Средствата во висина од 11.000.000 денари се обезбедени од буџетот на општина Бутел.