Во документарецот „Без секс молам, ние сме Јапонци“, новинарката Абигел Хејворт истражува интересен феномен на целибат кој се повеќе ги зафаќа Јапонците, а според некои показатели се шири кон остатокот на развиениот свет.
Истиот ги прикажува младите Јапонци кои се помалку се заинтересирани за секс, а третина од двојките водат љубов најмалку еднаш неделно, додека останатите тоа го чинат поретко.
Според студијата од 2011 година, се помалку Јапонци сакаат брак, а во период од 18 до 34 година околу 61 отсто од мажите и 49 отсто од жените никогаш не биле во љубовна врска. Дури ни во адолесцентските години, за кои е карактеристичен голем интерес за секс, ситуацијата не е ништо подобра. Така, 45 отсто од жените на возраст од 16 до 24 години сексот воопшто не ги привлекува, а некои дури и ја презираат самата идеја за секс.Истото го чувствуваат и една четвртина од мажите.
Светскиот економски форум редовно ја сврстува Јапониа на прво место на најлоши земји според полова еднаквост на работа, а околу 70 отсто од Јапонките во потполност ја напуштаат работата ако родат дете. Штом жената ќе се омажи, сите шанси за напредување пропаѓаат.Шефот претпоставува дека наскоро ќе затрудни и нема да може да работи прекувремено. Тоа создава притисок, па тие на крајот даваат отказ по раѓањето на детето.
Бракот е гроб за жените, вели една стара јапонска поговорка која се однесува на губење на автономија, работнички права и самоостварување на жените во што веруваат се повеќе Јапонки.