
Американскиот потпретседател Џо Бајден ја истакнал потребата од продолжување на дијалогот со опозицијата и формирање на нова влада во Киев во телефонски разговор со украинскиот претседател Виктор Јанукович, соопшти „Интерфакс“.
Во разговорот, Бајден истакнал дека единствениот прифатлив пат кон мирот и стабилноста во Украина е продолжувањето на дијалогот и постигнување компромис за формирање на нова влада, што заслужува доверба од страна на украинскиот народ.
Според Бајден првиот чекор кој треба да преземат властите во Украина е да ги повлечат специјалните единици од улиците на украинската престолнина Киев.