
Поради високите температури од денеска е воведена забрана за палење оган во шума и шумските појаси во земјава. Исто така ограничено е и движењето на лица во шумите, како превентивна мерка за заштита од шумски пожари.
Превентивни мерки за заштита од пожари
Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ информираат дека се преземаат сите потребни превентивни мерки и активности во врска со заштитата од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор во текот на наредните топли денови.
Парична казна за палење оган во шума
„Ги информираме граѓаните дека во наредниве неколку денови екипи на Градот и ЈП „Паркови и зеленило“ ќе бидат присутни и ќе вршат контрола на јавните површини и ги потсетуваме дека казната за палење оган на јавна површина е 200 евра“, се вели во соопштението.