Постои уште една планета Земја, НАСА ја пронајде

Постои уште една планета Земја во вселената, а научниците на НАСА имаа можност први да ја пронајдат. Станува збор за планета која во голрема мера наликува на нашата планета Земја и која беше детектиреана од страна на научниците на НАСА, како резултат на истражувањето со вселенскиот телескоп Кеплер.

Како што соопшштува американската вселенска агенција, оваа новооткриена планета е поголема од Земјата, околу 60 проценти поголема, и се наоѓа на околу 1.400 светлосни години од нас, објавија научниците.

Планетата наречена „Kepler-452b“, која според НАСА е уште една планета Земја кружи околу ѕвезда, постара од нашето Сонце. Оваа планета е од својата ѕвезда оддалечена речиси исто колку што е Земјата од сонцето, пишуваат светските медиуми.

Oваа новооткриена планета е поголема од Земјата, околу 60 проценти поголема, и се наоѓа на околу 1.400 светлосни години од нас
Oваа новооткриена планета е поголема од Земјата, околу 60 проценти поголема, и се наоѓа на околу 1.400 светлосни години од нас

– Ова е голем успех, да се пронајде планета како Земјата, со слична големина и температура, вели истражувачот Џеф Колин.

Научниците веруваат дека станува збор за карпеста планета, која во голема мера  потсетува на Земјата, и која површинска вода, нешто што, според научниците, претставува главен услов за настанување на живот.

Планетата наречена „Kepler-452b“ кружи околу ѕвезда, која е постара од нашето Сонце. Оваа планета од својата ѕвезда е оддалечена речиси исто како што Земјата е оддалечена од Сонцето.

Спред НАСА, оваа планета се наоѓа во идеална зона, во која е можен живот бидејќи не е ниту премногу топла, ни премногу студена, а нејзината ѕвезда личи на „постара сестра“ на нашето Сонце.

Американските научници, со други зборови, веруваат дека оваа егозпланета, би можела да ни даде увид во апокалиптичната иднина на Земјата.

За откритието на „Kepler-452b“, која се смета уште една планета Земја заслужен е вселенскиот телескоп Кеплер, вреден 600 милиони долари.