Младо момче, откако девојката му раскинала, се одлучи да си го одземе животот и да се фрли под воз.
Според првичните информации станува збор за момче на околу 23 – годишна возраст. Очевидци за Нетпрес тврдат дека, момчето се прекрстило и застанало на пругата пред товарниот воз.
Инаку, според неофицијални информации, причината за самоубиството е невозвратена љубов, односно, момчето се фрлило под возот затоа што девојката му раскинала.
Страшната железничка несреќа се случи вечерва околу 20.00 часот.
Според првичните информации возот кој сообраќал на релација граничен премин Долно Блаце-Трубарево удрил во машко лице кое од здобиените повреди починало на лице место.
Од полицијата ја потврдуваат несреќата, но повеќе детали најавуваат откако ќе заврши увидот на местото, којшто, како што може да се забележи и од фотографиите сеуште е во тек.
Инаку, дел од медиумите веќе пишуваа дека за оваа трагична железничка несреќа, најверојатно станува збор за самоубиство, но конечни одговори ќе даде истрагата на МВР.