Јавен повик за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Град Скопје за 2015 година, наменети за финансирање програмски активности на здруженија на граѓани и фондации, во петокот објави Град Скопје.
Како што информираат од град Скопје, средствата од касата на градот ќе се користат за финансирање проект чија цел е подигање на јавната свест за користење алтернативни сообраќајни решенија, преку учество во Европската недела на мобилност.
Активностите треба да одговорат на условите на Европската недела на мобилност, на тема: Избери, промени, комбинирај (Choose. Change. Combine.)
Условите на Европската недела на мобилност
Да предвиди голем број настани (работилници, предавања, промоции, манифестации и случувања) со различни содржини, учесници и организатори, кои ќе бидат во насока на темата на годишнава манифестација;
Да ја осмисли промоцијата на сите перманентни мерки на Градот Скопје од областа на одржливиот и алтернативниот транспорт и заштитата на животната средина, а во насока на темата на настанот;
Да го обмисли завршниот ден на манифестацијата – Денот без автомобили и дефилето на велосипеди.
Од градот нагласуваат дека предвидените активности треба да бидат иновативни, соодветни на темата, инспиративни, да обезбедат масовно присуство на граѓани од сите возрасти, да бидат едукативни, забавни, интересни, со еден збор седмицата во која традиционално се одржува ЕНМ 16.-22.09., да биде исполнета со голем број различни настани.
Како засегнати страни во организирањето на настаните можат да бидат: Секторите на Град Скопје, јавните претпријатија, институциите од областа на културата, средните училишта и сл.
Вкупно предвидени средства
За финансирање на понудените програмски активности, согласно со овој повик, ќе се користат средства од Буџетот на Град Скопје за 2015 година, во вкупен износ од 300.000,00 денари, а краен рок за реализација на проектот е октомври 2015. Користењето на средствата ќе биде специфицирано во договор помеѓу здружението на граѓани и Град Скопје.
Основни организациски критериуми
Oсновни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата на граѓани и фондации кои учествуваат на овој повик се:
– Да се регистрирани според Законот за здруженија на граѓани и фондации со седиште во Скопје;
– Да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес;
– Да не добиле средства или поднеле пријава од/до друг орган на државната управа или други извори за иста намена и активности за кои поднесуваат пријава, а што би значело двојно финансирање на истите активности од различни извори.
Повеќе инфомрации за пријавувањето на веб страната на Град Скопје
Здруженијата на граѓани или фондации учеснички на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите во рок од 7 дена од денот на донесување на Одлуката за распределба на средствата од Буџетот на Град Скопје за 2015 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија на граѓани и фондации.
Пријавата за финансиска подршка на здруженија на граѓани и фондации и Образецот за Предлог-проект се достапни на веб-страната на Град Скопје www.skopje.gov.mk.
Прашања за појаснување може да се постават писмено или по електронски пат до Секторот за заштита на животната средина и природата на адреса: [email protected].
Контакт: Сектор за заштита на животната средина и природата, телефон: (02) 3297-273.