Атина почнува преговори со кредиторите. Грција утре ќе ги почне преговорите со кредиторите на техничко ниво, соопшти официјален претставник на грчкото Министерство за финансии.
На дневен ред, на преговорите со кредиторите ќе бидат меѓу другото, ќе бидат прашања што се однесуваат на фискалните, пензиските и трудовите реформи.
Министерството за финансии исто така соопшти дека прашањето за дополнителни реформи не е покренато, во согласност со договорот од самитот на 12 јули, ниту во писмото на министерот за финансии, Еуклид Цакалотос до Европскиот механизам за стабилност, пренесува МИА.
Грција официјално побара помош од ММФ
Инаку, Грција во петокот побара нов заем од ММФ, и тоа во моментот кога претставници на грчката Влада во повеќе наврати повторија дека во текот на денот Атина ќе почне преговори со кредиторите за одобрување 86 милијарди евра вреден пакет помош за Грција, јави Танјуг.
– Би сакале да ве известиме дека бараме нов заем од Меѓународниот монетарен фонд, ова стои во писмото што министерот за финансии на Грција Еуклид Цакалотос го упати до директорката на ММФ Кристин Лагард.
Инаку, покрај тоа што Грција бара нов заем од ММФ, претставници на еврпопските кредитни институции допатуваа во Атина заради придвижување на разговорите за третиот пакет помош за Грција.
ММФ побара грчкиот товар од долгот да биде намален на одржливо ниво, но овој предлог на Фондот (кој е еден од тројката кредитори на земјата) наиде на противење на европските партнери.
Грчките преговарачи, како што пренесува Танјуг, повикувајќи се на Би Би Си, ќе се состанат со претставниците на Европската комисија, Европската централна банка и Европскиот стабилизациски механизам, а процените се дека преговорите за пакетот помош ќе тераат еден месец.
Строгата контрола на капиталот воведена во Грција кон крајот на минатиот месец, останува на сила со цел да се спречи одливот на средства од ослабнатите грчки банки.
Грција го исплaти заостанатиот долг кон ММФ
Инаку, во вторникот Грција го исплати заостанатиот долг кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во висина од речиси две милијарди евра, соопшти портпаролот на оваа финансиска институција Џери Рајс, пренесе МИА.
– Грција повеќе не доцни во отплатата на долговоите кон ММФ, изјави Рајс.
Тој при тоа нагласи и дека ММФ е подготвен да продолжи да и помага на Грција во напорите да ги поврати финансиската стабилност и економскиот раст.
Претходно, Атина го исплати и долг од 4,2 милијарди евра кон Европската централна банка кој доспеа денеска, а и врати околу 500 милиони евра на Централната банка на Грција.
Исплатените средствата се дел од преодниот кредит од 7,16 милијарди евра од Европскиот стабилизациски механизм, што и беше одобрен на Грција во рамките на нејзниот договор со доверителите.
На што се должи кризата во Грција, прочитајте на следниот линк.