Одбојкарска репрезентација на Македонија ја победија Австрија и е петта во групата од Европската лига откако вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ исто како и вчера славеше со 3:0 во сетови.
Со овој триумф македонските одбојкари се искачија на втората позиција на табелата и си ги зголемија шансите за пласман на завршниот турнир кој ќе се одигра во Полска.
Првиот сет заврши со резултат 25:22 иако гостите до средината на сетот водеа, но во завршницата избраниците на селекторот Жарко Ристоски одиграа посигурно и први стигнаа до 25-от поен.
Во вториот сет беше 25:19 по што се најавуваше посакуваниот убедлив триумф кој беше потврден сo 25:22 во третиот сет.
Табела во групата-А по осум одиграни натпревари:
1.Естонија 23 бодови,
2.Македонија 16,
3.Полска 15,
4.Австрија 9,
5.Данска 5,
6.Израел4.
Наредниот петок и сабота (7 и 8 август) Македонија и гостува на Полска. Со евентуални две победи и шест освоени бода, како и два пораза на Грција на гостувањето во Словенија, Македонија ќе го повтори ланскиот успех кога играше полуфинале во Европската лига