ВИДЕО: Гром го запали штипскиот Исар

Гром го запали новоселскиот дел од штипскиот Исар, јави Канал 5.

Опожарувајќи ја сувата трева, а потпомогнат од ветрот, огнот бргу се прошири фо првите кужи во подножјето на овој дел од градот.

Сопствениците во паника, заедно со пожарникарите се обидуваат да го спречат огнот што го предизвика гром и да си ги спасат куќите.

Се се случи одненадеж. Слушнав само силен тресок и бела светлина видов, потем до мојата куќа видов како оган како гори сувата трева. Ветрот огнот го носеше кон мојата и куќата на соседитте. Веднаш зедов кофа со вода, а соседите повикаа пожарникари, вели штипјанка за Канал 5.

 

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов ги посети семејствата во чии куќи удри гром за време на невремето кое вчера го зафати кавадаречко. По ударот на громот куќите беа зафатени од пожар.