
Поради надојдена вода на Вратничка река, падна мостот кој сообраќајно ги поврзува селата г.Орашје и Нераште, информира АМСМ.
Од 18 часот поради обилни врнежи во село Доброште дошло до излевање на реката, по што регионалниот пат Тетово-Јажинце и обратно е во прекин, како и поради свлечишта и камења на патот, патниот правец Тетово-Попова Шапка е во прекин.
Поради поројните дождови и силни грмотевици што зафатија делови од пелагонискиот регион и штипско-кочанската област како и во прилепско, освен тоа што Прилеп е под вода, најкритично е во Тетово. Реката Пена е пред излевање. Поплави има по улиците и во градот.