Неговата сопруга заминува на Марс и никогаш нема да се врати

Неговата сопруга заминува на Марс и никогаш нема да се врати
Неговата сопруга заминува на Марс и никогаш нема да се врати

Џејсон Стенфорд за 11 години ќе мора засекогаш да се збогува од својата сопруга, 36 годишната Соња ван Метер. Соња е меѓу избраните лица за патот на Марс без враќање, во рамки на контроверзната мисија „Mars One“.

Целта на оваа мисија е воспоставување прва човечка колонија на Марс.

Првото летало со четворица луѓе кои ќе се упатат кон Марс ќе полета 2026 година и покрај многубројните критики од страна на голем број научници.

На секои две години по нови четири лица ќе бидат испраќани кон Црвената планета.

Стенфорд и неговата сопруга, кои во Вирџинија живеат со двајцата нивни синови, ја подржуваат мисијата и мило им е дека член на нивното семејство ќе учествува во овој потфат.

-Соња многу ќе ми недостига, но доколку мисијата успее, ако воспоставиме колонија на Марс, тоа засекогаш ќе ја промени историјата на човештвото, изјави Џејсон кој додаде дека тој и неговата сопруга се нашле на мета на критики како од семејството, така и од пријателите.

Триесет и пестгодишната Соња при гостување во една телевизиска емисија ги објасни причините за своето заминување.

Одиме таму, имаме план. Не одиме да умреме, туку да живееме, изјави Соња.

Повеќе од 200 илјади луѓе се пријавија за патот на Марс од кои  беа избрани стотина.

-Сфатив дека таа тоа го сака и престанав да се борам против мисијата. Ние сме само еден обичен брачен пар во необична ситуација и правиме еден мал чекор за човештвото, изјави Џејсон.

Проектот „Mars One“ обична измама?!

Со проектот „Mars One“, зад кој стои холандска приватна компанија, се предвидува до април 2023 година на Марс да бидат испратени луѓе, кои би имале задача да ја колонизираат „Црвената планета“.

marsКомпанијата неодамна објави список од 100 кандидати кои го минале долготрајниот елиминациски процес, како и листа на оние кои не ги исполнуваат условите за членување во „избраната екипа“, која од некои причини сака да живее на Марс.

Но, иако за самиот елиминациски процес за избор на кандидатите и за подготовките за мисијата на големо се пишува во медиумите веќе неколку месеци, неодамна се појавија и сомнежи околу реалноста на овој проект.

Имено, поранешниот истражувач на НАСА и актуелен професор на Универзитетот во Дубаи, Џозеф Рош, смата дека проектот „Mars One“ е една обична измама.

Не се работи за ништо друго освен за земање пари од лекомислени поединци, кои сакаат да бидат меѓу „избраните“, смета Рош.

 

 

Роверот на НАСА, Кјуриозити откри информации што би можело да биде знак дека на Марс има услови за живот.