Таткото на преобратениот Стефан: Знаевме дека ова еден ден ќе се случи!

Таткото на преобратениот Македонец: Знаевме дека ова еден ден ќе се случи!
Таткото на преобратениот Македонец: Знаевме дека ова еден ден ќе се случи!

Роден како Стефан, а во Сирија го викале Суфијан. Во Скопје завршил медицина, а сега на 31 година доби кривична пријава од МВР дека учествувал во редовите на ИСИС и врбувал нови луѓе да ги пополнат редовите на терористичката организација.

Стана Суфијан, а дипломира за доктор и со години баравме да се тргне од Тутунсуз-џамијата
Стана Суфијан, а дипломира за доктор и со години баравме да се тргне од Тутунсуз-џамијата

Стана Суфијан, а дипломира за доктор и со години баравме да се тргне од Тутунсуз-џамијата

Стефан од Скопје или Суфијан, како што е неговото муслиманско име, не е единствениот преобратен православен Македонец кој го прифатил радикалниот ислам за кој учеле под закрилата на Тутунсуз-џамијата, но и во други објекти во Скопје, дознава „Дневник“ од извори во безбедносните служби. Станува збор за триесетина, порано православни лица, кои претежно се интелектуалци и потекнуваат од добро ситуирани семејства, а меѓу кои има и девојки.

Дали сите се блиску до радикалните ставови на групата која беше разбиена завчера во Скопје или се или биле на боиштата во Сирија и Ирак не е познато, а јавноста не знае ниту како тие се преобратиле. Многумина сметаат дека џихадистите се приклониле кон радикалниот ислам поради пари што ги добиваат на боиштата, па малку кој верува дека станува збор за вистинска посветеност на религијата. Kако, пак, Стефан С. (31), кој завчера беше приведен во акцијата „Ќелија“, станал верник кој ја прифатил исламската религија не им е познато ниту на неговите најблиски. Тие само со години знаеле дека тој е муслиман, но не можеле ништо да сторат.

Од МВР велат дека Стефан С., кој е еден од деветтемина уапсени, бил во Сирија и дека бил задолжен да регрутира нови борци и приврзаници кои ќе заминат во оваа завојувана земја, но официјално не знаат кога и како станал муслимански верник.

Според оперативните сознанија, осомничениот во август лани заминал за Турција од каде што преминал во Сирија, по што во јануари бил задржан во Турција. Во земјава се вратил во март годинава. Осомничениот има завршено медицински факултет, но имал и кривична пријава во 2007 година за кражба на моторно возило, а за исто дело бил пријавен и неколку години порано – велат од МВР.

Таткото на Стефан потврдува дека син му бил приврзаник на радикалите, но и дека не верува оти бил во Сирија. Тој уште на самиот почеток од разговорот побара да не биде фотографиран и да не се споменува неговото име. Веднаш почна да зборува за она што го мачеше.

Знаевме дека ова еден ден ќе се случи и постојано му велевме на Стефан да се тргне од џамијата и да му се врати на нормалниот живот. Се обидувавме со години да го разубедиме, а помош баравме од многу места и луѓе, но беше залудно. Стефан е возрасен човек и самиот е одговорен за своите постапки, но погрешно е да се мисли дека тој бил во Сирија или некаде на друго место каде што сечел нечии глави. Тој е лекар по професија и сака да им помага на луѓето – изјави за „Дневник“ таткото на Стефан.

Тој не пречека во семејната куќа во населба во центарот на Скопје каде што немаше врата бидејќи ја скршила полицијата кога го апсела Стефан. Од прв поглед можеше да се заклучи дека станува збор за добро ситуирано семејство, како и за родители интелектуалци. Ниту таткото на Стефан не криеше дека парите не биле мотив тој да се приклучи кон приврзаниците на имамот Реџеп Мемиши, пишува весникот.

Стефан заврши медицински факултет со просек над 8, но не беше вработен. Едно време специјализираше, па прекина, па пак продолжи. Беше нормално дете, спортист, немаше афинитети кон религијата. Сепак, тој читаше многу и ги проучил сите религии. Така го избрал исламот. Не знаеме кога, ниту како, но забележавме промени во неговото однесување. Почна да не јаде свинско месо, полемизиравме за некои ставови од кои утврдивме дека станал муслиман. Тој тоа не го негираше. Со време почна да се придржува до сите адети, па и да пости за Рамазан – вели таткото.

 

Поврзани вести: 

Македонец кој се борел во Сирија меѓу уапсените во акцијата „Ќелија“