
Претседателот на Владата Никола Груевски, денеска ќе оствари посета на преспанско-демирхисарскиот регион.
Како што соопшти Владината прес-служба, премиерот Груевски ќе присуствува на пуштање во употреба на новоизградена зграда со станови за лица од социјално ранливи категории во Демир Хисар и на пуштањето во употреба на новоизградена зграда со станови за лица од социјално ранливи категории во Ресен.
Предвидено е шефот на Владата во Ресен да присуствува и на пуштањето во употреба на тениско игралиште, а ќе ја посети и новоизградената плажа во Стење