“Новиот Неста” ќе премине во Милан за 30 милиони евра

Ромањоли преминува во Милан - Михајловиќ конечно може да здивне

Адријано Галијани по состанокот со неговиот колега од Рома, Валтер Сабатини изјави дека работата е 99,8 % завршена, што значи се чека официјализација на договорот.

Договорот ќе биде формализиран во понеделник, на задоволство на сите страни, изјави директорот на Рома Валтер Сабатини, потврдувајќи ја продажбата на 20 годишниот стопер.

“Росонерите” беа во потрага по централен дефанзивец подолг период, со оглед на фактот дека Мексес, Алекс и Бонера не се веќе “младичи”, а Запата и Палета нема да можат сами да го издржат товарот кој го носи играњето во Серија А и италијанскиот куп.

Ромањоли ќе треба да покаже дека инвестирањето 30 милиони евра во него е оправдано
Ромањоли ќе треба да покаже дека инвестирањето 30 милиони евра во него е оправдано

Токму затоа, изборот падна на дефанзивецот од Рома, Ромањоли кој покрај тоа што има само 20 години и е инвестиција на подолг рок, туку и неговата репутација веќе е на високо ниво, до таму што во Италија го нарекуваат “новиот Неста”. Галијани беше упорен во намерата да го доведе на Сан Сиро, а тоа му успеа откако и понуди на Рома сума од 25 милиони евра во кеш плус 5 милиони евра во бонуси.

Ромањоли беше голема желба на тренерот на Милан, Синиша Михајловиќ кој соработуваше со него минатата сезона бидејќи играше како позајмен во Сампдорија.