Груевски е меѓу народот и ги исполнува ветените проекти (ГАЛЕРИЈА)

Груевски е меѓу народот и ги исполнува ветените проекти
Груевски е меѓу народот и ги исполнува ветените проекти

Турбо агенда на Никола Груевски во изминативе три дена. Македонскиот премиер е меѓу народот и исполнува проектите кои што ги вети, а од кои директна полза имаат македонските граѓани. Насоченоста кон реални проекти кои го подобруваат животниот стандард и реализација на ветеното останува во фокусот на премиерот.

Исполнување на ветеното е врвна карактеристика во политиката. Во изминативе три дена, премиерот Груевски реализираше проекти од кои директна полза ќе имаат граѓаните. Груевски пушти во употреба реконструирано училиште што е дел од досега рекоунструираните вкупно 350 училишта, пушти во употреба водовод, беше поставен камен-темелник на колекторски систем, ја посети ТИРЗ Охрид- Струга каде што наскоро ќе влезат 2 фанрики и ќе отворат 2.000 работни места, го посети Плаошник каде се гради капитално дело, пушти во употреба 2 згради со 40 социјални станови, беше предадена во употреба нова плажа, најави дека ќе се зголемат пензиите, дека се почнува со изградба на пет регионални патишта- инвестиција вредна 22 милиони евр, како и дека продолжува проектот за бесплатен одмор на деца од социјални семејства.

Реконструиран водовод во село Ботун

Симултанката на премиерот Груевски започна во петокот со посетата на охридскиот регион. Груевски присуствуваше на пуштањето во употреба на реконструираниот водовод во село Ботун, инвестиција вредна 3,5 милиони евра.

Груевски присуствуваше на пуштањето во употреба на реконструираниот водовод во село Ботун, инвестиција вредна 3,5 милиони евра
Груевски присуствуваше на пуштањето во употреба на реконструираниот водовод во село Ботун, инвестиција вредна 3,5 милиони евра

Со тоа целосно се надмина проблемот со зачестените дефекти и недостатоци на вода, што беше честа појава во изминатите години, посебно во летниот период. Успешното завршување на овој проект е одлична причина веднаш да почнеме со нов проект во Дебрца, а тоа е изградбата на колекторот за отпадни води чиј камен-темелник го поставуваме денеска, истакна Груевски меѓу граѓаните.

Помеѓу селата Мешеишта и Волино беше поставен камен темелник за изградба на колекторски систем, а потоа Груевски го посети реконструираниот објект на подрачната единица на основното училиште „Дебрца“ во селото Требеништа.

Изградбата на колекторот за отпадни води претставува инвестиција вредна околу 250.000 евра
Изградбата на колекторот за отпадни води претставува инвестиција вредна околу 250.000 евра

Изградбата на колекторот за отпадни води претставува инвестиција вредна околу 250.000 евра. Претходно, рече премиерот, била изградена нова канализациска мрежа во должина од осум километри во Мешеишта.

Колекторот ќе ги прифаќа отпадните води од канализацијата од Мешеишта, како и отпадните води од Требеништа, Волино и Горенци чии канализациски мрежи ќе се градат во наредниот период. Со тоа правиме голем чекор напред кон обезбедување поквалитетен начин на живеење и постепено напуштање на септичките јами, кои ја загадуваат природата и подземните води во овие краишта, нагласи Груевски.

Груевски го посети и реконструираното подрачно училиште во Требеништа.
Груевски го посети и реконструираното подрачно училиште во Требеништа.

Премиерот Груевски го посети и реконструираното подрачно училиште во Требеништа. Со реконструкцијата, обновена е фасадата, заменети се прозорците и поставен е нов под.

Пред неколку години преку Министерството за образование помогнавме и за замена на кровот во ова училиште, општината и градоначалникот помогнаа за изградба на салата во кругот на училиштето, така што може да се каже дека со заеднички сили правиме големи чекори напред за подобрување на условите за наставата за учениците од овој регион, истакна Груевски, нагласувајќи дека Владата ќе продолжи со реализација на ветените проекти.

 

Реконструирани 35 училишта

Груевски нагласи дека досега се реконструирани 35 училишта, а наскоро ќе бидат завршени уште 50. Нагласи дека за време на нивниот мандат ќе будат реконструирани вкупно 400 училишта. Груевски појасни дека досега вкупно се реконструирани 350, во тек е реконструкција на седум, а тендерска постапка тече за уште 35 училишта. Овие училишта ќе бидат реконструирани до крајот на годината.

Во проектот за реконструкција на училиштата во земјава досега се инвестирани над 30 милиони евра, што е сериозен износ и дел од нашите ветувања. Во нашата Програма на секои избори прецизно ветуваме точно кои училишта во кој период ќе бидат реконструирани и многу внимаваме тоа да се заврши согласно ветеното, рече Груевски.

Охрид доби нов кружен тек

Посетата на охридскиот регион во петокот премиерот Груевски ја заврши со пуштање во употреба на новоизградениот кружен тек во Охрид, на улиците Туристичка и Бистрица.

Посетата на охридскиот регион во петокот премиерот Груевски ја заврши со пуштање во употреба на новоизградениот кружен тек во Охрид, на улиците Туристичка и Бистрица.
Посетата на охридскиот регион во петокот премиерот Груевски ја заврши со пуштање во употреба на новоизградениот кружен тек во Охрид, на улиците Туристичка и Бистрица.

Со овој кружен тек Охрид добива уште едно сообраќајно решение што со својот изглед и функционалност е карактеристика за модерен и голем град… Покрај олеснувањето на самата сообраќајна комуникација во градот, Охрид добива и на естетика, функционалност и безбедност, истакна Груевски.

Тој нагласи дека ваквите активности се во целосна корелација со заложбите на Владата за придонес кон севкупниот напредок на Охрид и регионот, во секое поле и секоја област.

Во саботата претседателот на македонската влада продолжи со увид на реализацијата на ветените проекти во охридскиот регион. Груевски најпрво оствари посета и увид во градежните активности за изградба на капиталниот проект Свети Климентов Универзитет на Плаошник, при што оцени дека  возобновувањето на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник чија изградба е во завршна фаза ќе биде најголем магнет за туристите.

Свети Климентовиот универзитет на Плаошник чија изградба е во завршна фаза ќе биде најголем магнет за туристите.
Свети Климентовиот универзитет на Плаошник чија изградба е во завршна фаза ќе биде најголем магнет за туристите.

Тој, како што нагласи, комплексот Плаошник ќе биде место каде посетителите најдолго ќе се задржуваат од причина што има многу содржини.

Ќе има многу работи што може да се видат и навистина ќе стане најатрактивно или во првите три-четири најатрактивни локации за туристите во Охрид што ќе биде дополнителна понуда за привлекување на туристи во Охрид, но и во Македонија, рече Груевски.

Според него, проектот се одвива според планираната динамика.  Засега работите се движат во добра насока. Наскоро треба да почне и градбата на фасадата што значи дека околу Нова година или првата половина на следната година очекувам да биде затворена фасадата на речиси сите објекти и во тој правец работите одат според планот, рече Груевски.

Изградба на технолошко-индустриската развојна зона Охрид-Струга ќе заврши според предвиденото

Груевски оствари посета и увид во градежни активности за изградба на технолошко-индустриската развојна зона Охрид-Струга
Груевски оствари посета и увид во градежни активности за изградба на технолошко-индустриската развојна зона Охрид-Струга
Груевски оствари посета и увид во градежни активности за изградба на технолошко-индустриската развојна зона Охрид-Струга. Груевски истакна дека според информациите од претставникот на Агенцијата за ТИРЗ градбата на објектот е во тек, нема никакви доцнења, се оди според планот и нејзината финализација ќе заврши според предвиденото.

Она што е занајчно за оваа зона е што ќе почне да се градат производствени капацитети. Во втората половина на овој месец ќе започнат техничките подготвителни работи за  градба на фабриката на „ОДВ Електрик“ која веќе има свој „браунфилд“ погон во Охрид, а  тука идниот месец, некаде на средината на септември, ќе почне и градбата на фабриката, истакна премиерот, појаснувајќи дека тоа значи илјада директни и доста индиректни вработувања во компании кооперанти, партнери, добавувачи на германскиот производител на електрични делови за автомобилската индустријата.

Тој истакна дека паралелно на овој процес, веќе следната седмица ќе пристигнат претставници на германската компанија „Костал“ од областа на автомобилската индустријата, која веќе објави одлука за инвестирање во Охрид

Целта на нивното доаѓање е да започнат регрутирање на првите вработени, веројатно ќе започнат со менаџерскиот тим, кој подоцна ќе треба да селектрира вработени. Нивниот план, според најавеното, е некаде во октомври во „браунфилд“, во постоечка хала да почнат производсство, а некаде на почеток на следната година да почнат со изградба на своја фабрика во оваа ТИРЗ, на 25 илјади метри квадратни, што е голем производствен капацитет, истакна Груевски.

Претседателот на Владата изрази уверување дека на половина од расположивото градежно земјиште во ТИРЗ Охрид – Струга ќе има активна градба на две големи фабрики кои ќе значат две илјади директни вработувања, плус уште дополнителни индиректни работни места.

Покрај ова, Груевски од Охрид исто така изјави и дека продлжува проектот за бесплатен одмор на децата од социјални семејства. Проектот, потсети премиерот, почна да се реализира во 2012 година и се одвива полни три години со успех. Досега заклучно со последниот зимски одмор околу девет илјади деца беа на летување или зимување, а ова лето предвидени се нови две илјади деца од кои 1.500 досега веќе беа и уште 500 треба да одат до крајот на сезонава.

Проектот е многу успешен. Многу од децата досега никогаш не биле на летување на езеро или на зимување во планина и претставува вистинска радост за нив, нешто на што ќе се сеќаваат во текот на целиот свој живот. Мислам дека тоа е еден од подобрите проекти што ги искреиравме и сигурно ќе продолжи и во иднина, нагласи Груевски, завршувајќи ја дводневната посета на охридскиот регион.

Пуштена во употреба новоизградени социјани згради во Демир Хисар и во Ресен

Пуштена во употреба новоизградена зграда со станови за лица од социјално ранливи категории во Демир Хисар
Пуштена во употреба новоизградена зграда со станови за лица од социјално ранливи категории во Демир Хисар

Турбо агендата на премиерот Груевски продолжи и вчера со посета на преспанско-демирхисарскиот регион. Груевски најпрво  присуствуваше на пуштање во употреба на новоизградена зграда со станови за лица од социјално ранливи категории во Демир Хисар, каде е обезбеден кров над главата за 25 семејства.

Принципите на хуманост, социјална правда и солидарност се едни од основните начела на кои се поставени политиките на Владата на Република Македонија. Во тој дух, покрај борбата за што побрз економски развој на земјата, привлекување инвеститори, отворање нови работни места, зголемување на социјалната помош и подигање на стандардот на социјално најзагрозените граѓани, продолжуваме со разни мерки за олеснување на животот токму на најпогодените граѓани во земјава, рече Груевски.

Владата, посочи тој, е свесна за потребата од оваа поддршка за Демир Хисар, особено ако се земат предвид податоците за бројот на граѓани во општината кои се наоѓаат во социјален ризик и имаат големи социјални потреби.

Токму затоа, знаејќи дека не е мал бројот на граѓани кои немаат можност да градат или купат сопствен стан ја изградивме оваа зграда која ќе им помогне на 25 семејства да го остварат сонот за свој дом, нагласи Груевски.

Покрај зградата во Демир Хисар, за социјалните категории на граѓани вакви објекти изградени се во Скопје, Кичево, Македонска Каменица, Охрид, Кочани, Кавадарци, Крива Паланка, Штип, Битола, Берово и Ресен.
Покрај зградата во Демир Хисар, за социјалните категории на граѓани вакви објекти изградени се во Скопје, Кичево, Македонска Каменица, Охрид, Кочани, Кавадарци, Крива Паланка, Штип, Битола, Берово и Ресен.

Покрај зградата во Демир Хисар, за социјалните категории на граѓани вакви објекти изградени се во Скопје, Кичево, Македонска Каменица, Охрид, Кочани, Кавадарци, Крива Паланка, Штип, Битола, Берово и Ресен. Во фаза на градба се две згради во Прилеп и Македонски Брод, а наскоро ќе отпочнат со градба уште два објекти во Кочани и Гостивар. Тие згради, подвлече Груевски, се дел од проектот на Владата за изградба на 2.500 социјални станови, станови за млади брачни парови, за лица со ниски примања, за деца без родители и за комерцијална продажба. Распределбата на становите, додаде, ќе се одвива електронски, процес кој ќе почне овој месец и кон средината на септември се очекува Министерството за транспорт и врски да ја заврши постапката.

Тој потсети на дел од реализираните проекти во Демир Хисар, меѓу кои водоводот во селото Стругово, патот од Суводол до манастирот „Пресвета Богородица“, локалниот пат Стругово – Загориче, изградба на пат за селото Брезово, пат од Радово до манастирот „Св. Атанасиј“ во село Сопотница, реконструкција на регионалниот пат Демир Хисар  за Бучим, изградба на повеќенаменски игралишта, реконструкција на градскиот водовод во Демир Хисар… За наредниот период најави асфалтирање на локалниот пат за манастирот „Св. Петар“ во Смилево, реконструкција на улици во селото Суводол, реконструкција на водовод во селото Слепче, реконструкција на градскиот стадион во Демир Хисар.

Сите овие проекти, но и многу други кои следуваат во наредниот период се јасен сигнал дека не чека уште многу работа и уште многу проекти кои се од значење за жителите на општина Демир Хисар, нагласи Груевски.

Груевски вчера во општина Ресен ја пушти во употреба новата зграда со 18 социјални станови
Груевски вчера во општина Ресен ја пушти во употреба новата зграда со 18 социјални станови

Веднаш потоа, премиерот Груевски вчера во општина Ресен ги пушти во употреба новата зграда со 18 социјални станови, новоизграденото тениско игралиште во ОУ „Гоце Делчев“ и новата плажа во Стење.

Зградата со социјални станови, како што нагласи премиерот, е дел од големиот проектот на Владата за изградба на станови за лица во социјален ризик и други ранливи категории граѓани.

Проектот е одраз на нашите заложби за поддршка на многу граѓани кои се во социјален ризик и кои многу тешко или воопшто не можат да купат, изградат или да дојдат до свој стан или куќа. Зградата има 18 стана кои во наредниот период преку соодветна процедура ќе се распределат на повеќе социјално загрозени семејства од Ресен, рече Груевски.

Во рамките на ОУ „Гоце Делчев“ беше пуштено во употреба ново тениско игралиште, дел од проектот на Владата за изградба на 120 тениски терени ширум Македонија. Вредноста на инвестицијата е 7 милиони денари и со неговата изградба, нагласи Груевски, се додава уште една коцка во овој спортско-рекреативен комплекс во Ресен.

Во завршна фаза е изградбата на повеќенаменското спортско игралиште кое го градиме во централното градско подрачје. Во изминатиот период го изградивме и фудбалското игралиште во близина на регионалниот пат за Царев Двор, а неодамна во соработка со општината извршено е и доуредување на спортскиот терен на ова игралиште, рече Груевски.

Пуштено во употреба  ново тениско игралиште во Ресен
Пуштено во употреба ново тениско игралиште во Ресен

Активностите на Владата, нагласи премиерот, се насочени во голем број полиња каде може да му се помогне на преспанскиот регион.

Дел од нашите активности се насочени и кон привлекување инвестиции и секако во обезбедување помош за пласман на ресенските земјоделски производи. Во финална фаза е изградба на откупно-дистрибутивниот центар Ејплленд, рече Груевски, кој очекува до крајот на септември овој центар да почне со работа со нови вработувања.

Груевски од Ресен најави и дека покрај двете плажи на Преспанското Езеро, заврши и изградбата на плажите во Дојран, а наскоро ќе почне и изградба на плажата Лагадин во Охрид.

Новата плажа во Стење е инвестиција од околу 950.000 евра

Плажата во Стење е инвестицијата од околу 950.000 евра
Плажата во Стење е инвестицијата од околу 950.000 евра
Плажата во Стење за која инвестицијата е околу 950.000 евра, зафаќа 500 метри со сите потребни содржини како ресторани, кафулиња, места за спасувачи, инфраструктура, чадори, лежалки… Останува општината преку Комуналното претпријатие да објави оглас за концесионер за да има фирма која ќе се грижи за одржување на плажата.

За Охрид планираме изградба на уште неколку други плажи. Дел по дел секоја година по една до две плажи во сите три езера предвидено е да се прават, рече Груевски.

Дополнително, македонскиот премиер вчера најави дека се започнува со рехабилитација на пет регионални патишта, инвестиција вредна 22 милиони евра.

Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на плажата во Стење, истакна дека ќе се реконструираат патните правци Битола – Ресен – Буково, Смоларе – Мокрино, Брвеница – Гостивар…

Покрај овие пет регионални патишта, континуирано работиме и на автопатиштата. Таму работите одат добро, нема застои се се движи со добра динамика, според планираното. Работите и на патиштата и на автопатиштата се одвиваат со добра динамика и согласно планот, нагласи Груевски.

Сето ова покажува дека Груевски е меѓу народот и ги исполнува проектите кои што ги вети, со работа и посветеност одговара на предизвиците и исполнување на она што е зацртано во програмата, проекти од кои народот има корист.