Мајка и ќерка се видоа по 71 година

Мајка и ќерка се видоа по 71 година
Мајка и ќерка се видоа по 71 година

Деведесет и двегодишна Италијанка ја видела својата ќерка по цели седумдесет и една година, откако веднаш по породувањето и била одземена.

Старицата, со потекло од Новеларе, село на северот на Италија, во текот на Втората светска војна работела во Германија, каде останала бремена по љубовната врска со оженет германски војник.

По породувањето, семејството на таткото на бебето и ја земале ќерката, која го добила името Марго Бахман и била одгледана во Германија.

На Марго и рекле дека мајка и била Италијанка која починала во војната.

Откако татко и починал минатата година, Марго се одлучила да ја побара својата мајка. Се обратила во центарот за пронаоѓање на исчезнати лица во текот на Втората светска војна, кој во соработка со италијанскиот Црвен крст открил дека нејзината мајка е се уште жива.

Овие мајка и ќерка се сретнале по прв пат овој викенд после 71 година.

„Кога почнав да ја барам мојата мајка, не верував дека ќе имам прилика да ја прегрнам“ – изјавила Бахман за италијанскиот весник „Котидијано“.

„Татко ми не дозволуваше да ја побарам, но после неговата смрт и благодарејќи на помошта на мојата ќерка успеав да ја најдам“ – изјави Марго.
Претставничката на италијанскиот Црвен крст, Лаура Бастјането, која присуствувала на средбата на мајката и ќерката, целиот настан го опишала како “мало чудо“.

„Ретко се случува мајка и ќерка повторно да се видат по 71 година. Многу повообичаено е за браќа и сестри бидејќи останаа уште многу малку преживеани од Втората светска војна“ – наведе Бастјането.