СДСМ стануваат се понервозни како поминува времето. Тие не само што немаат да кажат што направиле добро за граѓаните, туку и денес тие сеуште немаат идеа што да им понудат како програма и проекти. Токму затоа на СДСМ им преостанува само да плукаат по оние кои што умеат да работат и да ги девелвираат нивните дела, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на ОО на СДСМ Прилеп.
Колку и да не сака да слушне СДСМ еве ја вистината за тоа што се е направено за Прилеп од страна на Владата предовдена од ВМРО-ДПМНЕ:
Доделени се преку 100 милиони евра субвенции за тутунопроизводителите во прилепско.
Доведени се странски инвестиции, а ќе ги споменеме само Гентерм која ќе врабтоти голем број невработени лица од Прилеп и Филип Морис која ќе стане стратешки партнер на Прилепкиот Тутунски комбинат.
Изградена е трета лента на патниот правец на Плетвар.
Решено е водоснабдувањето на градот Прилеп.
Изградени се десетина локални патни правци.
Се обезбедуваат 75 станови за социјално загрозени семејства во Прилеп.
Се реконструираа училиштата во Прилеп, а се изградија или се градат 4 спортски сали.
Ова се само дел од проектите кои зад себе ВМРО-ДПМНЕ ги остави за Прилеп и прилепчани. Дури и невработеноста со која СДСМ дрско манипулира е намалена во споредба со времето на СДСМ. Ако во време на СДСМ таа изнесувала речиси 25.000 невработени лица, таа денес е намелена на околу 15 000 и има тенденција уште да се намалува.
Ова е големата болка на СДСМ. Фактите покажуваат, а прилепчани знаат да препознаат кој работи за нив, а кој не. СДСМ не може да се помири со фактот дека власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ во континуитет работи во интерес на граѓаните и ги реализира сите оние проекти кои тие или не можеле или не сакале да ги спроведат, бидејќи беа зафатени со осиромашување на населението и раскрчмување на општествениот капитал. Ако може по нешто да го запомнат прилепчани СДСМ, тогаш тоа е по недавањето ни денар субвенции за тутунарите, палењето на тутунот, тепањето на земјоделците, затворањето на поголемите фабрики и оставањето на улица на илјадници работници.
Ете тоа е придонесот на СДСМ за Прилеп. СДСМ 9 изборни циклуси не ја добива довербата на граѓаните, а поради ваквата деструктивна политика ќе загуби катастрофално и на престојните избори во април посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.