Пожар избувна синоќа на кејот на реката Вардар кај бизнис центарот „Синерџи“.
Според очевидци до пожарот дошло по детска игра. Неколку дечиња играјќи се на кејот на Вардар запалиле мал оган кој подоцна се проширил низ ромските куќи.
Противпожарните служби веднаш излегле на местото на настанот и пожарот е изгаснат.